Познатите во служба на природата


Потребни се дваесет години за да порасне, а само еден миг да се уништи едно дрво", "Ние ја имаме моќта да ја промениме ситуацијата", " На нашата земја и е потребна наша помош"... Ова се само дел од пораките што повеќе познати личности ќе ги испратат преку новиот рекламен спот дел од акцијата - "Ден на дрвото, засади ја својата иднина!".

Рекламниот спот се снимаше во текот на изминатите два дена на локација на планината Козјак, а во него учествуваат Борис Трајанов, Бубо Каров, Александра Пилева, Ирена Спировска, Сузана Спасовска, Индира Кастратовиќ, Адријан Гаџа и Магдалена Ризова Черних.

(А.Т.)


 

 

Ден на дрвото


Акцијата „Ден на дрвото“ поддржана и во Гевгелија

Гевгелија, 22 февруари (МИА) - Иницијативниот одбор на акцијата „Ден на дрвото“ денеска ја промовираше својата кампања за засадување на над два милиони садници низ опожарените места во Македонија, минатата година, пред граѓаните на општина Гевгелија. На средбата првпат беше презентиран и телевизискиот спот во изведба на Борис Трајанов, Јован Јованов, Елена Ристевска, Александра Пилева, Калиопи, Туна и Емил Рахиќ, сите поддржувачи на акцијата.

На 12 март ќе се засадат првите два милиони садници колку што има жители во Македонија, најавуваат од иницијативниот одбор на акцијата.

- Со тоа ја започнуваме декадата на дрвото, изјави Виктор Павловски, посочувајќи дека одборот има намера секоја година да спроведува акции за засадување на десет милиони садници, за да може за една деценија да се надополни древниот недостаток во Македонија.

Со поддршка на ШС „Кожуф“ од Гевгелија, во јужниот реон ќе бидат пошумени десет хектари со нови 20.000 дрвја.

- Ќе се засадува теренот кај месноста Северџик на 2-3 километри од границата со Грција, што беше опожарен во 2007 година, изјави Златко Митров, директор на ШС „Кожуф“.

Паралелно со пошумувањето, иницијативнот одбор организира избор на дрво со префикс НАЈ: највисоко, најдебело, најстаро, врзано со најмногу анегдоти и историски вредности, како заштитно дрво за местото.

Локалната самоуправа во Гевгелија ќе се вклучи во акцијата со логистичка поддршка.

Иницијативнот одбор со огромниот одзив за потенцијално учество што го добива на теренот, верува во успешноста на акцијата „Ден на дрвото“, со самиот факт што Македонија минатиот век го достигнала својот национален рекорд со засадување на 24 милиони садници низ државата. јд/гс/15:40