Кусо по враќањето на Александра Бошњаковска кај нејзината мајка, социјалните мрежи ги преплавија повици за донации. Синоќа беше огранизирана дури и хуманитарна акција за облека, обувки и училишен прибор за девојчето, со...

slika
Кусо по враќањето на Александра Бошњаковска кај нејзината мајка, социјалните мрежи ги преплавија повици за донации. Синоќа беше огранизирана дури и хуманитарна акција за облека, обувки и училишен прибор за девојчето, со точно наведени броеви.
 

Во повиците за донации стои и жиро сметка која не е на името на мајката или нејзиното семејство, како и туѓи адреси на живеење. Парите од донациите се слеваат на сметката на Александра Гроздановска, која во повикот е именувана како Сандра Ди, а останатата материјална помош оди на адресите на скопски фрими. Оние кои во име на девојчето ги собираат донациите тврдат дека тие се во координација со мајката и дека вчера таа прифатила дел од помошта.

Но, и покрај овие тврдења, мајката на Александра, Taтјана Димитровска, се огради од донациите. Вели добро е ситуирана и не и` се потребни.
 
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов не сакаше да ги коментира сомнежите за злоупотреба кои ги предизвикаа повиците за донации, но тврди дека случајот е под континуиран надзор.
 
-Ако жената истакнала дека е во лоша материјална состојба, тоа се проверува и ако има потреба ние ќе и`помогнеме... Не би сакал да навлегувам во тоа дали има злоупотреба на детето, бидејќи овој случај беше доста експлоатиран во медиумите и навистина состојбата околу него е комплицирана, не би сакал да навлегувам понатаму, рече Спасов.
 
Минисетрот за здравство Никола Тодоров пак, воопшто не сакаше да го коментира случајот. Не добивме одговор кога и зошто мајката Татјана го прекинала работниот однос и дали таа повторно ќе се врати на работното место.
 
 
Повиците за донации ги разлутија и корисниците на социјалните мрежи. Тие со жестоки коментари го осудија апелот, во него гледајќи обид за злоупотреба на судбината на детето. Прашуваат зошто мајката упорно инстистирала да ја врати Александра, за подоцна да бара материјална помош за да ја издржува. Орпорот кон ваквиот начин на донирање беше очигледен и на синоќешната акција, на која само малкумина одговорија на апелот и донираа за помош на мајката и девојчето.
 
[ Весна Јовановска-Дојчиновска ] 

 http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=30434