07.09.2013 год.


Исламистичките екстремисти од фронтот Ал-нусра од вчера го држат под опсада малото сириско гратче Малула, на 60 км североисточно од Дамаск, во кое живеат околу 2.000 луѓе од разни вероисповеди, главно христијани.



Во Малула се наоѓаат некои од најстарите христијански реликвии, а гратчето претставува важно место за аџилак на христијаните зашто е едно од последните места во светот во кое луѓето с` уште збобруваат арамејски, јазикот на кој, како што се верува, зборувал и Исус и на кој се изговорени зборовите од Новиот завет. Малула е симбол на соживотот и толеранцијата меѓу христијанската заедница и сунитските муслимани и на она што Сирија беше пред конфликтот, пишува британски „Телеграф“.

Sirija.hram.sv.Tekla.jpg

- Тие влегоа на главниот плоштад и ја искршија статуата на Богородица, а гратчето го гранатираат од блиските планини. Веќе ги уништуваат вредните икони и ги повикуваат христијаните да прејдат на ислам, зашто во спротивно… Две гранати го погодија и манастирот „Света Текла“ – изјавил еден од преплашените жители на гратчето.

Екстремистите го држат гратчето под опсада, а христијанските цркви се под силен артилериски оган, а храмот на свети Илија бил запален и зградата претрпела значителна материјална штета. Ако наскоро не се преземе нешто, светот во 21 век ќе биде сведок на исчезнувањето на една култура и цивилизација во малото сириско гратче кои траеле преку 1.000 години.

Муслиманското население од гратчето и од околината уште од понеделникот ги предупредило христијаните дека нападот е неизбежен и апелирало да се обидат да се спасат зашто ако им паднат живи в раце, екстремистите нема да имаат никаква милост кон нив, пренесуваат ватикански извори.

Sirija.hram.sv.Tekla.jpg

Sirija.hram.sv.Tekla.jpg

Политичарите на Запад очигледно не се заинтересирани за судбината на христијанската заедница во Малула, на која ~ се заканува уништување, па на тие луѓе им преостана единствено молитвата и надежта дека ќе се случи чудо што ќе ги спаси од геноцид.

Предупредувањата за можниот геноцид врз христијаните и за уништување на ова христијанско катче ги вознемирија и папата Франческо и големиот муфтија од Дамаск, Ахмад Бадредин Хасу, како и останатите верски авторитети, кои денес во Ватикан ќе му се придружат на молитвеното бдеење за спас на Сирија, за спречување на насилствата, но и на најавената воена интервенција во земјата.

Истовремено силите на сирискиот претседател, Башар ал Асад, распоредиле тешка артилерија околу местото Малула каде се воделе борби меѓу бунтовниците и силите на режимот.

Директорот на сириската Опсерваторија за заштита на човековите права, Рами Абдул Рахман, рекол дека околу Малула се распоредени тенкови и оклопни возила.

Трупите на Асад во средата се судрија со припадниците на организацијата Џахбха ал Нусра, која војува на страната на бунтовниците, а е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда.

 

Sirija.hram.sv.Tekla.jpg

  •  Извор: http://denesen.mk/web/2013/09/07/islamistite-napadnaa-gratce-vo-koe-se-zboruva-so-jazikot-na-isus-asad-go-brani-so-tenkovi/
  • http://denesen.mk/web/2013/09/08/izlamistite-zavzedoa-selo-vo-koe-se-govori-jazikot-na-isus/
  • http://www.frontal.rs/index.php?option=btg_novosti&catnovosti=2&idnovost=36665