Додека останатите работат да донесат нов оперативен систем на вашиот декстоп, момциве го собрале целиот десктоп и ви го инсталирале на интернет. Баш така, со Jooce имате он-лајн компјутер (за кој не ви требаат ваучери). Најважно е што може од секаде да му се пристапува а после тоа е лесно, на него може да аплоудувате а потоа и гледате/слушате слики, музика, видеа, документи и слично.
Една од подобрите финти на сервисот е опцијата за приватен и јавен декстоп. Првиот е личен и достапен само за корисникот а вториот го гледаат сите негови пријатели кои истовремено ќе можат да ги користат и сите фајлови што тој, таму ги ставил.

Освен тоа подржува голем број месенџери, кои можете да ги користите додека сте логирани на него.

И како за крај, целиот систем е достапен и на македонски. Како така? Еден од основачите/авторите е Македонец.

Со лесно.