Kомпанијата Пепси доби „благослов“ од американскиот претседател Барак Обама да продолжи со користењето на услугите на компанија „ПепсиКо“ која произведува хемикалии со цел подобрување на вкусот и аромата на пијалокот, кои ги создаваат од ткива од абортирани фетуси.

Pepso.fetus.jpg

Ова беше откриено во 2011 година од страна на непрофитна група „Children of God for Life“, (CGL), нешто што доведе до масовни протести во светот и бојкот на Пепси пијалоците.

Неколку месеци подоцна, акционерите на Пепси поднесоа резолуција, со која и овозможува на компанијата да донесе корпоративна политика, која ги признава човековите права и воведува етички стандарди кои не вклучуваат користење на остатоци од абортирани човечки суштества, ниту во птиватните (тајни) истражувања, ниту во отворените за јавноста и заеднички истражувања. Сепак администрацијата на Обама го затвори овој предлог, одлучувајќи да им овозможи на Пепси, да користи абортирани бебиња, за да го подобри вкусот на пијалокот.

„Се работи за користење на остатоците од абортирано дете и тоа само за една цел, профит! Користењето на човечките ембриони, во производството на засилување на вкусот на пијалоците, е далеку од една рутинска операција“, вели извршниот директор на CGL Деби Винедге.

Фактот дека Пепси се користи со ваквите методи, е доказ за бесрамното и недолично однесување и непочитувањето на основните етички и морални прашања што оваа комапнија на почетокот ги имаше зацртано.

Во јануари годинава, сенаторот на Оклахома, Ралф Шортеи предложи легислатива за забрана на производство на продукти од фетуси, или клетки од истите за подобрување на вкусот. Тој покрај Пепси, ги вклучи и производите на Крафт и Нестле.

Извор: MKnews.mk

 

http://denesen.mk/web/2013/02/22/pepsi-dobi-dozvola-da-koristi-abortirani-fetusi-vo-pijalokot/