Граѓаните ќе избираат најдобар градоначалник

Изминатите 365 дена екипата на Скопјеинфо работеше посветено и напорно во создавањето на портал чија основна намена е информирање на граѓаните за настаните и активностите кои се одвиваат секојдневно во главниот град.
Во широкиот опсег на информации им се обративме на локалните власти, спортските клубови, институциите на културата, навивачите, студентите , пензионерите.
Најголем дел од информациите беа посветени на општините, нивните проекти и активности, но и плановите за идните години.
Како заокружување на 2012 година, Скопјеинфо објави анкета за избор на најдобриот градоначалник за 2012 година, преку која читателите ќе можат да гласаат за градоначалникот кој работеше најнапорно и беше најпосветен на своите граѓани изминатава година.
Во периодот меѓу 22.12.2012-15.01.2013 граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за еден од градоначалниците на листата, по што на свечена церемонија ќе биде доделено признанието за најдобар градоначалник, на оној кој ќе добие најмногу гласови од граѓаните.
Граѓаните може да го дадат својот глас на следниот линк: http://www.skopjeinfo.mk/anketa/1
Со почит,
Димитар Блажевски
Главен и одговорен уредник

24.12.2012 год.