Google ја честиташе независноста на Македонија

Google го честиташе 8 септември, денот на независноста на Република Македонија, со посебен Google Doodle. Доколку се упатите на Google.mk, ќе забележите дека традиционалното лого на веб гигантот е испишано со прекрасниот пејзаж од Канео. Ова е прв пат до сега Google да претстави лого посветено исклучиво за македонската интернет заедница.

07.09.2012год.