Во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга вчера на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ѝ беше врачена престижното гранпри за културен менаџмент што го доделува меѓународната академија „Михаил Еминеску“ од Романија  
  
  
 Наградата на Канческа-Милевска ѝ ја врачи претседателот на оваа меѓународна академија Јон Деаконеску, кој специјално пристигна во Струга по повод овој настан и манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“.

Признанијата на другите годинашни лауреати беа доделени на 1 јуни во Крајова, Романија. Наградите на Меѓународната академија им се доделуваат секоја година на личности што имаат особен придонес во културното живеење на национално и меѓународно ниво. Досегашни добитници се реномирани имиња од областа на културата од САД, Бразил, Унгарија, Србија, Романија, Русија и од Финска.