Софтверот за скенирање, функционира така што бара зборови или фрази кои се сомнителни, како што се на пример размената на личните податоци или вулгарните разговори. Софтверот најмногу се фокусира на разговорот кој го водат корисници кои немаат воспоставено врска на социјалната мрежа, односно не се пријатели или станале пријатели од скоро, а на пример се со огромна разлика во години. На овој начин, социјалната мрежа се бори со педофилијата и секс престапниците кои често го користат Facebook за да заведат малолетни членови.

Доколку софтверот за скенирање смета дека некој разговор е сомнителен, за тоа ќе ги алармира вработените во Facebook, кои потоа ќе одлучат дали има простор да се пријави случајот во полиција.

Ова не е прв пат Facebook да се вклучи во борба против криминал, бидејќи досега на неколку пати ја снабдил полицијата со докази како што се фотографии кои помогнале во случаи поврзани со убиства.