Проект: Центар за литургиски уметности „Св Јован Крстител“


ИГОР КОТЛАРОВСКИ



Музејскиот и археолошки пристап кон сопственото културно и духовно наследство во изминатите години доведе до умртвување и заробување на голем број уметнички дела со литургиска функција и повеќето од нив се чуваат како мртви експонати на кои им е одземена можноста да имаат сопствен живот во склад со намената за која се создадени.

Литургиското творештво е премногу поврзано со литургијата, за да може да се смести во некаков стил, или да се разгледува надвор од неа. Тоа бара однос кон него како кон „жив организам“ кој има способност да ги преобразува сите и сe што ќе дојде во чист допир со него. Оттука се појавува потребата ос постоење центри каде со научна и духовна зрелост правилно ќе се сфати и протолкува ваквата уметност и ќе се пронаоѓаат механизми за продолжување на творечкиот процес.

Во таквиот центар би биле истражувани и документирани повеќето артефакти кои како потреба произлегле од литургискиот живот на Црквата на овие простори, а тоа значи враќање на нивната основна функција и продолжеток на создавање дела од таква природа. Живото присуство и функционирање на овој центар ќе доведе до правилно разбирање и вреднување на богослужбените уметности, а негова крајна цел е повторно воспоставување органско единство на литургијата со од неа произлезеното творештво. Таквата уметност со векови ја символизира смислата на нашето постоење.


 
Преземи ги pdf фајловите со подетален приказ на Центарот: „Св Јован Крстител“ со нацрт план на истиот:


 

ИГОР КОТЛАРОВСКИ