Парадоксот на нашето време е во тоа што:
имаме поголеми згради, но покуси нерви;
пошироки патишта, но потесни видици;
повеќе трошиме, а помалку имаме;
повеќе купуваме, а помалку уживаме.
 
Имаме:
поголеми куки, а помали семејства;
повеке удобности, а помалку време;
повеке дипломи, а помалку разум;
повеке знаење, а помалку расудување;
повеке стручни лица, а многу повеќе проблеми;
повеке знаење во медицината, а се помалку здравје.
 
Премногу пиеме, премногу пушиме,
непремислено трошиме, премалку се смееме,
пребрзо возиме, лесно се лутиме,
прекасно легнуваме, стануваме уморни,
недоволно читаме, премногу телевизија гледаме.
Ретко се молиме.
Го зголемивме нашиот имот,
ама ја намаливме нашата вредност.
Премногу зборуваме, премалку љубиме,
пречесто мразиме.
Научивме како да преживуваме,
ама не и како да живееме.
Му додаваме години на животот,
ама не и живот на годините.
 
Патувавме на месечината,
а имаме проблем да ја преминеме улицата
и да се запознаеме со новиот комшија.
Загосподаривме со надворешниот простор,
но не и со внатрешниот.
Направивме поголеми, ама не и подобри нешта.
 
Го исчистивме воздухот,
ама ја загадивме душата.
Го расцепивме атомот,
ама не и нашите предрасуди.
 
Повеќе пишуваме, ама помалку учиме;
повеќе планираме, ама помалку постигнуваме;
научивме да брзаме, ама не и да чекаме.
Имаме повисока заработувачка, ама и понизок морал.
Имаме се повеќе храна, а се повеке сме неблагодарни.
Создаваме се посилни компјутери,
со многу поголема меморија,
ама ние се помалку и помалку разговараме.
Повеќе тежнееме кон квантитет,
а забораваме на квалитет.
 
Ова се времиња на брза прехрана и бавни варења на храната;
на големи луге, а мали карактери;
на брзи заработувачки и никакви односи.
Ова е време на мир во светот, а војна во домот.
Премногу слободно време, а малку уживање.
Премногу разновидна храна, а лоша исхрана.
 
Се помалку се финансиските проблеми во бракот,
а се повеќе има разводи;
се повеќе има луксузни куќи, ама и поделени домови;
ова се денови на брзи патувања, бедна облека и низок морал;
с# повеќе има дебели луѓе, ама и лекови кои можат с#:
да те расположат, затапат или убијат!
 
ЗАПАМТЕТЕ!
Поминете што повеќе време со вашите љубени,
зашто тие нема да бидат вечно покрај вас.
Кажете понекој љубезен збор на оној,
кој одоздола ве гледа со стравопочит,
зашто таа мала личност наскоро ќе порасни и ќе замини.
 
Сетете се да подадете топла прегратка за оној, кој е до вас,
зашто тоа е единствено богатство кое можете да го дадете од своето срце,
а кое ништо нема да ве чини.
Сетете се на зборовите ,,Те сакам<, кои треба да ги упатите
до вашиот партнер и вашите љубени,
но најмногу од с#: искрено и мислете така!
Бакнежот и прегратката ќе ја излечат секоја рана,
ако доаѓаат од длабочината на срцето.
Сетете се дека треба да се држите за рацете и да ги вреднувате миговите
кога сте заедно,
зашто еден ден тие личности нема повеќе да бидат покрај вас.
 
Најдете време да љубите,
најдете време да разговарате,
и најдете време да ги поделите вашите
скапоцени мисли со другите.
 
Смејте се често, долго и искрено!
Смејте се додека не го загубите здивот.
Созлите се случуваат!
Издржете, одболувајте, преживејте!
Кажете им на луѓето, кои ги љубите,
дека навистина ги љубите,
и тоа во секоја прилика,
зашто животот не се мери според бројот
на вдишувањата,
туку според бројот на моментите,
кои ни го одземаат здивот!
 
Америčки станд-уп комиčар Џорџ  Карлин
 
(превод: отец Душко Пецов)
      . ЗРНОВЦИ