Писмо како реакција на колумна во весникот Дневник, и во други дневни весници во врска со манастирот св. Јован Бигорски
 

  Кога денес ја прочитавме колумната на Катерина Блажевска во Дневник, ние како семејство кое редовно се информира од тој весник, не можевме а да не реагираме. Се прашувам дали како колумнисти, и како редакции навистина размислувате за последиците кои произлегуваат од вашите текстови, тука мислам на други текстови во други весници со слична интенција. Очигледно не ја разбирате големината на Бигорски манастир и силата на Црквата која извира од силата на љубовта. Протестираме зошто постојано се користат страниците на весниците да се шири отров кон Црквата и нејзините активности. Драга Катерина она што го пишувате во вашата колумна е многу потсрашно од расправата за енциклопедијата, замислете ова што вие го пишувате е слично како да обвините некој татко за негрижа кон неговиот единствен, и со многу маки роден син. Знаете ли вие какви чудесни дела направија братството на о.Партениј? Знаете ли какви знаци се покажаа таму кои ја посведочија силата на Црквата. Сте биле ли во Бигорски пред 10 години? Можеби пред две три, за да видите што се е таму направено? Се поклонувам на тоа што забележавте дека Бигорски е сила која соединува не поради тоа што беше, или во историјата некогаш бил, туку поради тоа што Е.
 

Но ете вие зборувате за видливото но ајде да зборуваме за невидливото. Во невидливото е соджана силата на манастирот. Илјади луѓе привлечени од силата на љубовта: синови, татковци и ќерки се спасуваат од недостатокот на љубов во современиот свет а во прегратките на Црквата. Не удирате онаму каде најмногу боли- чувствата на верниот народ. Зошто во вашиот текст а во други слични на вашиот ни нудите мед залиен со капки смртоносен отров? Очајот е најстрашната болест ( невидлива). Прашајте ги психијатрите, од таа болест заболените, накрај престанува да им се живее, и тие посегнуваат по животот.Тоа ли сакате да очајуваме? Ширете оптимизам а не црнила. Од чие име зборувате? Во име на верник, или во улога на проценител на старини? Разберете осигурувањето носи мала утеха на оној кој е ранет во срцето. Прашајте ги историчарите на уметност, колку слоеви на фрески едни над други се наоѓат на ѕидовите на нашите стари Цркви и манастири? Кога фреските ќе избледнеле од времето Црквата не се колебала да ги прекрие првите со вар и да наслика нови, зошто тоа е мисијата на Црквата да биде и да покажува вистински образ и образи-икони, според кои и ние ќе се уподобуваме, и живееме.

 Ете на овој начин Бигорски пак ќе се обнови, и ќе биде прекрасна икона –слика за тоа што може да направи силата на љубовта. Мислам тука е и проблемот како го гледаме Бигорски и останатите стари манастири и цркви, дали само како дел од културното наследство, како конзервиран предмет на рафт од некој музеј, за покажување, за другите да мислат убаво за нас, или како живи вечни икони за прегратката на Вечното со временото. Гледајте како верник, а не како практиканти на современата секуларна доктрина, кои мислат дека со пари , клима уреди, алрми, може да се сочува историското Богатство, и да се создаде лажна вечност. ( Да не сватите дека ние сме против грижата за наследството-тоа никако, само да вреднуваме вистински!)

Уште еднаш ве молам заедно со моето семејство, размислете што правите? Го уривате угледот на Црквата, ги обвинувате епископите за се на светов, за колите, свеките, парите, бавноста... Ги терате луѓето да губат надеж во Црквата која постои да дава надеж, утеха, тихо пристаниште, а каде ќе одат, што им нудите? Кога Црквата ќе се покаже како загрижена мајка вие и тогаш не престанувате, и тоа не ви е по мера. Треба ли да штрајковаме пред вашата редакција, треба ли да поднесуваме дела пред уставен суд, дека вака се кршат чуствата и слободите на голем дел од народот? Не, не, не тоа не е начинот на Црквата, на нејзините верни чеда. Црквата молчи молејќи се, таа врви низ ова време....Пари , пари, пари само тоа ли е важно? Не живее човекот само од леб, ве молам не трујте ни ги залаците.......

Драган Г.со своето семејство.