На Руските деца во училиштата ќе им се ограничи пристапот
 кон социјалните мрежи и игрите
01 февруари 2014
Министерството за образование и Министерството за врски постигнаа согласност околу списокот на информации коишто се забранети да се шират преку интернетот во училиштата; сега локалните власти ќе мора да го ограничат пристапот на децата кон одредени страници на социјалните мрежи, онлајн игрите, како и некои нови сајтови, изјави за „Риа новости“ директорот на одделот за информациона политика и на локалното Министерство за образование, Ана Усачева.
Претходно беше објавено дека Јавниот Обвинител во проверката иницирана од страна на пратеникот на државната Дума, Владимир Бурматов, идентификува околу 12 илјади кршења на законодавството на Руската Федерација, на тема несоодветност на интернетот по школите низ земјата со неопходниот критериум за безбедност.
„Препораки се дадени, земајќи ги во предвид ставовите на експертите од областа на образованието, психолозите, специјалистите по ИТ – технологија, претставниците на општинската и локалната власт. Како резултат на плодна дискусија на претставниците на Министерството за образование со претставниците на јавноста, препораките беа поддржани од сите учесници на дискусијата“, изјави Усачева. На списокот на информации штетни по здравјето и развојот на децата, кои се несоодветни на задачите на образованието и неопходно е да бидат забранети за ширење преку интернет, се најдоа сајтови, страници од социјалните форуми, чет соби и ѕидови за огласување што поттикнуваат кон самоубиство, предизвикуваат кај децата желба за пушење, пиење алкохол и земање дроги, проституција и просење.
Извор: Православие.ру

Извор: Бигорски манастир