Американскиот биолог научник Мичио Каку, во текст за Њујорк Тајмс предвиде како ќе изгледа нашиот живот во иднина. Во своите прогнози се раководел од следните критериуми: тие мора да бидат во согласност со законите на физиката и мора да постојат прототипи како доказ за принципите.


- Разговарав со над 300 најголеми светски научници, а многумина од нив ми овозможија пристап до лаборатории во кои ја измислуваат иднината. Врз основа на разговорите со нив, ви пружам увид во она што може да се очекува во следните децении – вели Мичио Каку.

46267945_005610998-1

1. Компјутерите ќе исчезнат

Според Муровиот закон, силата на компјутерите двојно се зголемува секои 18 месеци. Тоа значи дека за 10 години чиповите ќе чинат околу едно пени. Компјутерите во денешната форма повеќе нема да постојат, но сепак ќе ги има насекаде, неизбежни, но сокриени, како струјата и питката вода. Ќе не следат тивко и незабележително, исполнувајќи ни ги желбите секогаш и секаде.

2. Зголемената реалност ќе стане дел од секојдневието

Кога интернетот ќе биде достапен со посредство на контактни леќи, покрај нивното лице, со луѓето со кои ќе разговараме ќе можеме да ја видиме нивната биографија, а во случај да зборуваат странски јазик, на располагање ќе имаме титлуван превод. Контактните леќи со пристап на интернет ќе внесат револуција во животот на глумците, политичарите, хирурзите, туристите, војниците и космонаутите, бидејќи доболно ќе биде да трепнат со окото и на располагање да имаат мапи, сценарија, говори, биографии, итн.

3.  Мозок-нет наместо интернет

Во блиска иднина со компјутерите ќе управуваме со мислите, а не со глувчето. ЕУ и САД инвестираат стотици милиони долари во мапирање на нервните патишта во мозокот. Овој голем научен проект може да ги олесни маките на ментално болните и на парализираните лица со помош на мисли да им овозможи да управуваат со компјутерите, инвалидските колички и механичките нозе или раце, но и да ги користат домашните апарати и да играат видео игри.

telepathy

Со посредство на телепатија т.е. контакт мисли и телекинеза т.е. покренување на предмети со влијание на волјата, ќе можеме да аплоадираме сеќавања, да направиме мозок-нет и да ги зачуваме мислите, па дури и соновите.

Кога ќе можеме да ги ставиме мислите на интернет, невработените луѓе еден ден ќе можат да се преквалификуваат и да научат нови вештини, а студентите ќе посетуваат предавања додека спијат.

4. Капитализмот ќе биде усовршен

Факт е дека секој ќе знае се за некој производ, услуга и на купувачот ќе придонесе за развој на совршен капитализам. Сите точно ќе знаеме каде постои понуда, а каде побарувачка, па пазарите ќе бидат значително поефикасни.

Во тек е дигитализација на индустриските фирми. Моментално се дигитализираат медиумите, а во следната деценија ќе се дигитализира и образованието, медицината и сообраќајот.

5. Роботите ќе станат составен дел од животот

Вештачката интелигенција полека го освојува секојдневието. Рободоктори и робоадвокати наскоро во секој момент со разбирлив јазик ќе пружаат корисни совети кои можат брзо да се применат.

Автомобили без возач со ГПС управување, ќе возат по улиците, а сообраќајните несреќи и сообраќајните гужби ќе станат застарени изрази.

Роботичката индустрија може да стане поразвиена од денешната автомобилска индустрија. Во услови кога општеството станува се постаро, Јапонија која произведува 30 отсто од светските робори, веќе прави роботички болничарки. Механички куќни помошници, готвачи, музичари и помошници, ќе станат составен дел од опремата во нашите домови.

6. Истрошените делови од телото ќе можат да се заменат

Заболените и стари делови од телото ќе можат да се заменат, исто како деловите на автомобилите денес. Научниците веќе произведуваат кожа, рскавица, носеви, крвни садови, бешики и дишни канали од човечки клетки. Во иднина, ќе развиваат посложени органи, како што се слезина и бубрег. Изразот откажување на органи, ќе се исфрли од употреба.

7. Родителите ќе ги дизајнираат своите потомци

За неколку децении родителите ќе можат да ги бираат генетските карактеристики на своите деца. За помалку од 100 долари, ќе можеме да секвенцираме и да ги регистрираме своите гени. Оштетените и нефункционални гени во нашите геноми ќе можат да се излечат со посредство на генска терапија. Научниците веќе ги изолираа гените на паметен глушец и силен глушец, од кои можат да се направат глувчиња со исклучителна меморија и сила, а еквиваленти на тие гени постојат и кај луѓето.

8. Сајбермедицината ќе го продолжи животот

future9_low2_thumb[3]

Процесот на стареење може да се забави. Денес знаеме дека стареењето настанува како последица на сплет на грешки на ниво на гени и клетки. Ако ни појде од рака да ги отстраниме погрешните споеви во механизмите кои обично се одигруваат во клетките, нашиот животен век може да се продолжи.

ДНК чипови поставени во ВЦ шоља или на огледало во тоалет, можат да препознаат сомнителни траги на протеини или колонии на бактерии одговорни за ширење на рак, многу години пред да настане тумор. Минијатурни сензори кои постојано и незабележително ги анализираат телесните течности ќе придонесат зборот тумор да исчезне од нашиот речник. Нанотехнологијата ќе овозможи целно уништување на клетки на рак и хемотерапијата еден ден може да стане непотребна.

9. Диктаторите ќе станат големи губитници

Дигиталната револуција дава моќ на обесправените, посебно на луѓето кои живеат под власт на диктатори. Интернетот овозможува на луѓето да сфатат дека не мора да живеат како робови. Диктаторите кои се плашат од интернетот и нивните луѓе ќе станат големи губитници.

10. Интелектуален капитализам наместо стоковен капитализам

Се наоѓаме во историска фаза на премин од стоковен капитализам, темелен на стока, на интелектуален капитализам темелен на знаење. На пример, цената на храната во однос на приходите константно се намалува во последните 150 години. Пред многу векови англискиот крал веројатно не можел да си дозволи вечера каква што сте ја имале деновиве.

Земјите кои инвестираат само во земјоделието веројатно ќе се соочат со пад на економијата. Земјите кои користат стоковен капитализам како отскочна даска на пат до мешовита економија темелена на стоково-интелектуален капитализам, најверојатно ќе се збогатат.

 

Извор: 
    http://zenica.mk/2013/12/29/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%B2%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B8%D0%B4/

 

 

 

.