Никој не треба да бара причина за читање. Читањето треба да доаѓа како природна желба за знаење. Сепак, за секој случај, следуваат некои причини поради кои треба редовно да читате.



Читањето ја зголемува сочувствителноста


Според ново истражување од колеџот во Бостон, фикцијата ја зголемува сочувствителноста кај читателот. Фикцијата претставува симулација на вистинските проблеми и има реални последици за читателот.


Читањето ги подобрува математичките вештини


Зарем е можно? Истражувањата покажуваат така. Една студија покажува дека учениците кои читаат од задоволство забележуваат поголем напредок во математиката отколку останатите.


Читањето е терапија


Детската литература е „терапевтска алатка за емоционален развој и лечење“. Студијата која го докажала ова обезбедува и листа на предлози.


Читањето е најдобар начин за опуштање


Сакате да одморите? Психолозите откриле дека дури и 6-минутно читање дневно може да биде доволно за да се отстранат две третини од стресот.


Читањето го подобрува разумното размислување и соочувањето со несигурноста


Истражувачи од Торонто откриле дека читањето ја намалува потребата за „когнитивно затворање“, што во надомест ја зголемува рационалноста и креативноста.


Читањето го намалува ризикот за деменција и алцхајмерова болест


Едно истражување открива дека поголемата когнитивна активност низ животот е еднаква на помали шанси за ментални болести. Најдобрата когнитивна активност е, секако, читањето.


Читањето ја подобрува меморијата и го зголемува капацитетот за учење


Деловите од мозокот кои еволуирале за другите функции, како гледањето, јазикот и учењето, се спојуваат во специјална нервна група за читање. Со повеќе читање се зголемува способноста за учење и помнење.


Читањето го подобрува социјалниот живот


Оние луѓе кои работат во областа на уметностите, вклучувајќи ја и книжевноста, имаат зголемено присуство во јавниот живот и се социјално поактивни.


Читањето Ве прави посреќни


Една студија од 2011 открива дека читањето на печатените медиуми делува добро врз депресијата. Од друга страна, популарната музика делува лошо за депресијата и ја зголемува.


Читањето е поврзано со поголем успех во работата  


Еден социолог од универзитетот во Оксфорд вели дека читањето е директно поврзано со поголемите шанси за добро вработување и поголем успех во работата.


Значи, зошто не читате?

Извор: Факултети.мк