"Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажени Науме.
Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел.
Така и нас, со твоите молитви, спаси нè од искушенија".
(Тропар (химна) на светителот)

Нашата историја, преку нашата Света Црква, потече како една река, за жал, повеќе крвава отколку бистра, но таа крв, крвта на Божјите чеда, Богобојазливи јунаци и храбри борци, пролеана за Христовата вера и за Татковината наша, силно вика пред престолот на Севишниот и Сесилниот Бог. Крвавите рани по телото на праведниот затвореник Свети Наум Охридски, се вградени во небесната Христова Црква.


ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА
БЕСМРТЕН ВЕЛИКАН КОГО ВЕКОВИТЕ НЕ ГО РАЃААТ!
http://www.makedonskosonce.com/broevi...
ЧУДОТВОРНАТА СИЛА НА "ЛЕКАРОТ НАД ЛЕКАРИТЕ" ГИ КРЕВА ЛУЃЕТО ОД СМРТНА ПОСТЕЛА
http://my.opera.com/ancientmacedonia/...

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило.Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година во манастирот „Свети Наум, на брегот на Охридското Езеро, а култот за него започнал да се шири во Македонија, во јужнословенските средина, како и во Албанија и Грција.

Да не заборавиме дека свети Наум е наш - македонски
http://preminportal.com.mk/content/view/991/77