Милата и позитивна монахиња спокојно ни раскажуваше за манастирот. Жителите од Љубанци во 1847 година почнале да го градат манастирот, За десет години бил готов.

Тука е несекојдневен живот. Нешто што сме го заборавиле - звукот на природата. Утрата во манастирот почнуваат со утринските литургии и гласот на сестра Евпраксија. Мир и спокој. Еврпраксија со четиво за животот, за среќата и љубовта, а сето тоа ве замислува и одмора.

Во манастирот има сестринство од четири монахињи. Убавото шаренило од бои во дворот го најавува христовото воскресение. Се е подготвено за Велигден. Манастирот е полн за вториот ден од празникот оние кои знаат доаѓаат. Верниците за овој ден ја негуваат традицијата.

Манастирот има четири празника се чекаат гости. Многу верници сакаат да помогнат и служат на манастирот доаѓаат и помагаат. Веруваат дека е добро за здравје, за љубов и среќа.

Монахињите освен што ве релаксираат со позитивната енергија и смиреност. Тие одлично ги познаваат билките и нивните лековити својства. Во продавницата во манастирот освен икона може да си купите и чист правилно среден чај од разни билки.

Манастирот е мал, но посебен. На средина на манастирот е каменот со симбол за спојувањето на световното и духовното. Симбол кој не повикува да направиме различно од секојдневието. За празниците на само неколку километри од метежот може да дојдете овде во манастирот над селото Љубанци. Поминете неколку часа уживајќи во мирот на манастирот свети Никола и уживајте во убавината на планината Скопска Црна Гора. 

Извор: http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=96297