Vichko.nedela1

 Vichko.nedela2

Скопје, 8ми мај 2022 г.-храм на св.-те Петар и Павле, н.Лисиче

На празникот на † Св. апостол и евангелист Марко; св. Анијан Александриски

 Vichko.nedela3

На 08.05.2022 година, во Неделата на жените мироносици, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот  на† Св. апостол и евангелист Марко; св. Анијан Александриски, во храмот на светите Петар и Павле во скопската населба Лисиче, отец Вичко Гошевски  отслужи  Божествена  Литургија. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа за жените мироносици.

Vichko.nedela4

Vichko.nedela5

Апостол на празник: Прво соборно послание на светиот апостол Петар 5:6-
14

6.     Смирете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне, кога ќе дојде времето.
7.     Сите ваши грижи оставете ги на Него, зашто Он се грижи за вас.
8.     Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта;
9.     спротивете му се со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.
10.     А Бог на секоја благодат, Кој ве повика за Својата вечна слава во Исуса Христа, Сам, по вашето кратко страдање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи.
11.     Нему слава и власт во веки веков. Амин!
12.     По Силуана, вашиот верен брат, како што мислам, ви го напишав ова кратко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинска Божја благодат, во која стоите.
13.     Ве поздравува Црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој.
14.     Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христа Исуса. Амин!

Vichko.nedela6

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 6:1-7


1.     Кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите дека при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици.
2.     Тогаш дванаесетте, штом го свикаа целото мноштво ученици, рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да се грижиме околу трпезите.
3.     Затоа, браќа, изберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух Свети и мудрост, што ќе ги поставиме на таа служба;
4.     а ние постојано ќе пребиваме во молитва и служба на словото.”
5.     Овој предлог му се свиде на сиот народ; па ги избра: Стефана, човек исполнет со вера и Дух Свети, и Филипа, и Прохора, и Никанора, и Тимона, и Пармена, и Николаја, придојден, од Антиохија;
6.     нив ги претставија пред апостолите, а овие, штом се помолија, ги положија рацете над нив.
7.     И така, словото Божјо растеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мнозинство на свештеници се покоруваа пред верата.

 Vichko.nedela7

Vichko.nedela11

 Vichko.nedela8

 Vichko.nedela9

Vichko.nedela18

Vichko.nedela17

Vichko.nedela19

Vichko.nedela20

Vichko.nedela12

 Vichko.nedela

 Vichko.nedela

Светите Жени Мироносици
Третата недела по Пасха е посветена на жените мироносици, кои дошле да го помажат телото на Спасителот по Неговата смрт и постанале први свидетели на Неговото Воскресение.

"Жените, пак, први го видоа Воскресението и им благовестеа на самите благовесници – учениците Христови..."
 "Мироносици беа наречени затоа што со миро дојдоа да го довршат еврејскиот обичајот на погребение, кој Јосиф и Никодим не успејаа да го довршат на Велики Петок, бидејќи тие само го помазаа со алој и смирна и го обвија во плаштаница. Овие жени кога купија миро, дојдоа многу рано да го оплакаат и да го помазаат Христа, но во гробот видоа два Ангели, со блескав изглед, како седат еден спроти друг. Потоа и Христа го видоа и му се поклонија. Мироносиците беа повеќе, но евангелистите спомнуваат само за неколку од нив, а не за сите. А беа овие: прва од сите – Марија Магдалина, од која Христос изгони седум демони, која по Христовото вознесение дојде во Рим да проповеда, а потоа се упокои во Ефес и беше погребана од свети Јован Богослов, а подоцна нејзините мошти беа пренесени во Константинопол од царот Лав мудар. Втората беше Саломија, ќерка на свети Јосиф обручник и жена на Заведеја, од која беа родени Евангелистот Јован и брат му Јаков, а која имаше и уште други деца – Јаков помалиот, Јосија, Симеон и Јуда, Естир, Тамар и Салома. Затоа кога ќе се чуе во Евангелието: Марија, мајката на Јакова помалиот и на Јосија, не се мисли на Богородица, бидејќи од би произлегло дека таа е роднина на Евангелистот Јован. Третата мироносица е Јоана (Јована), жената на Хузан, кој беше чувар на домот на царот Ирод. Четвртата и петтата се Марија и Марта, сестрите Лазареви. Шестата е Марија клеопова. Седмата е Сосана (Сузана), а со нив имаше и други жени кои со своите имоти му служеа на Христа и на Неговите ученици."


Vichko.nedela13
 Vichko.nedela15

 Vichko.nedela16

Преминпортал (к.т.)