Нека не помине ниту еден ден во твојот живот - ми рече еднаш еден Светогорец - а навечер, пред да заспиеш да му кажеш на Бог:
"Господи прости ми ги моите гревови, кои ги чинам секој ден и кои и денес ги направив! " Немој никогаш тоа да го заборавиш.
Немој ниту еден ден да заборавиш дека си грешен, дека си несовршен, дека си направил многу грешки и дека ги знаеш. А некои и не знаеш, не ти се откриваат. Тоа се грешките за кои не си бил свесен, но излегле од твојата душа - како атмосфера која си ја создал околу себе, како поглед со кој си ражалостил некого, како зборови кои си ги изговорил, и не си сфатил како оддекнале во другиот.

Си направил многу гревови, мали и големи. Секоја вечер пред да појдеш на починка признај го тоа и немој да се чувствуваш безгрешен, немој да се чувствуваш дека си совршен, значаен, велик, страшен, неранлив и единствен.
Не! Човек си, а тоа значи дека си немоќно створение. Велико створение си, највеличествено створение во вселената, мал космос. Оти во човекот постои цела вселена - нашето срце, нашата душа. И иако космосот е така голем, истовремено е и мал, немоќен и безначаен. А покајанието ни помага да го сфатиме тоа. Токму тоа е она дело кое покајанието го чини, кога Бог ќе не допре.

Архимандрит Андреј Конанос

 

Избор од фб профил на

Maja Beleva