Што означуваат петте мажи на самарјанката и шестиот, кој не и е маж?

Свети Максим Исповедник   

Прашање: Што означуваат петте мажи на самарјанката и шестиот, кој не ѝ е маж? (Јован 4,16-18)?

Одговор: Самарјанката и жената, која според (зборовите на) садукеите стапила во брак со седум браќа (Мат 22,25-28), крвоточивата (Мат 9,20), а исто така и згрбавената (Лука 13,11), ќерката на Јаир (Марко 5,22-23) и Сирофениќанката (Марко 7,25) - (сите тие) се јавуваат и природа на луѓето, и душа на одредени луѓе, од кои секоја означува, соодветно страсно расположение, таа (заедничка) природа и (одделна) душа. На пример, жената на садукеите е природа или душа, која бесплодно сопостои со сите божествени закони, дадени од вековите, но кои не го примаат очекувањето на идните (богатства). На сличен начин крвоточивата е природа или душа, кои ја излеваат дадената им од раѓање сила за праведни дела и зборови, во страсна приврзаност кон материјалното. Сирофениќанката е онаа природа или душа на одреден (човек), која ја има буквално за ќерка мислата, која во очекување на епилептичен напад со мака се раскинува од љубов кон материјата. На ист начин и ќерката на Јаир е природа или душа, кои зависат од законот, но потполно умртвени како последица од неисполнувањето на неговите заповеди и неделатност во исполнувањето на божествените препораки. Азгрчената жена е природа или душа, кои преку измамата од ѓаволотја приклонуваат кон материјата сета сила на духовното делање. Самарјанката, пак, како и набројаните жени, претставува природа или душа на секој човек, кој живее без пророчки дар, буквално со мажи, со сите природи дарувани од законите; од нив пет се веќе умрени, а шестиот, иако жив, не бил маж по природа или душа, бидејќи тој не раѓа од нејзината праведност, која е залог на полното спасение.

Првиот закон, со кој завладеа природата, беше законот даден во рајот;

втор - законот после рајот;

трет - законот, даден на Ное при потопот;

четврт - законот за обрезание, даден на Авраама,

петти - законот за принесување жртви, даден на Исаака.

Природата, добивајќи ги, сите ги отфрли, и тие загинаа во бесплодност во однос на извршувањето на добродетелите.

Имајќи шести закон, даден преку Мојсеја, (природата) беше како да немала било каков закон, бидејќи не вршела праведни дела, предвидени од него, поради тоа, што нему му претстоело да премине, како кај маж, кон другзакон - Евангелието, кое не било дарувано, слично на (претходниот) закон, на природата човечка во овој век, туку, по Домостројот (Божји), беше дадено за воспитување на подобар и потаинствен. Поради таа причина, као што сметам, Господ н вели на Самарјанката: „И овој кој го имаш, не ти е маж". Бидејќи Он вели дека на човечката природа н било потребно да премине кон Евангелието. Затоа и околу шестиот час, кога душата посебно се озарува од сите страни со зраците на знаењето како последица од доаѓањето кај неа на Словото, и кога сенката на законот исчезнува (во тие зраци, Господ) говорел со неа, која стоела заедно со Словото кај изворот Јаковов, т.е. кај изворот на созерцанија кои се однесуваат на Свештеното Писмо.

Така во иднина нека биде раскажувано за ова.

Белешка:

Изворот на Јаков е Светото Писмо.

Водата е знаењето што го содржи Светото Писмо.

Длабочината е тешко разбирливата содржина на библиските таинства.

Црпалката е читањето на Божественото слово, кое не го имаше Господ, бидејќи самиот беше Словото и не им се дава на оние кои веруваат во знаењето од читање и учење, туку им се дава на достојните од страна на духовната благодат вечна мудрост која никогаш не престанува. Бидејќи црпалката, значи - учењето, земајќи мала количина знаење, го испушта поголемиот дел, бидејќи ниту еден збор не може да го задржи. Додека благодатното знаење ја има без читање целата мудрост на човекот, која блика на разни начини зависно од потребите".

Превод од руски и грчки: Свештеник Јани Мулев