На 10.септември 2010 година (петок), во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Бања Лука, Босна и Херцеговина, ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот уметник Гоце Наневски под наслов “Педесет или педесет“.

Гоце Наневски, кој во 2009 година беше претставник на Република Македонија на 53. Венециско биенале, изложбата во Босна и Херцеговина ја реализира на покана на Музејот на современата уметност од Бања Лука.

Во Музејот на современата уметност во Бања Лука, авторот ќе ги изложи делата “Педесет или педесет - сегмент нулта“ (мобилен објект составен од 8500 бројчаници) и објектот “Педесет или педесет сегмент три“, дел од објектите со кои се претстави на 53. Венециско биенале.

Наневски, кој работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, досега има реализирано самостојни изложби во Њујорк, Сараево, Пловдив, Никшиќ, Венеција, Скопје и др.