На 1 јули 2010 (четврток), во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се отвори изложбата Надувливи тела на Чико Макмуртри и Amorfic Robot Works.
Kуратор на изложбата е Мелентие Пандиловски.
Надувливи архитектoнски тела #3 е проект кој се состои од изложба, работилница и презентација од Чико Макмуртри и Аморфик Робот Воркс (Луиз Каунерт и Марк Шрегендорфер). Надувливи архитектoнски тела #3 е иновативен развоен проект каде што се имплементираат развојни технологии за новата генерација на роботска скулптура.
Проектот е резултат на Работилница за изработка на роботи и перформанс со Чико Макмуртри и Amorphic Robot Works која се одвиваше на Факултетот за ликовни уметности (Сули Ан) од 22 јуни – 30 јуни, 2010. Работилницата на Amorphic Robot Works се бави со дизајнирање, асемблирање и учење на програмирањето на машините во перформансот и истовремено овозможи практично опфаќање и истражување на роботските технологии.
Студентите на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет – отсек за индустриски дизајн, зедоа учество во работилницата со асистирање на Чико Макмуртри во создавањето на роботските скулптури, наменети за изложбата во Чифте Амам – Национална Галерија на Македонија.

Чико Макмуртри, еден од водечките светски уметници кој што ги користи роботичките технологии е уметнички директор на Аморфик Робот Воркс. Формирани во 1992, Amorphic Robot Works се њујоршка група на уметници, инжењери и техничари кои работат заедно со цел да креираат роботички перформанси и инсталации. Чико Макмуртри ја опишува својата визија “Делото претставува настојување да се открије приматот на движењето и звукот. Секоја машина е инспирирана од модерното општество, и она што физички сум го искусил и почувствувал. Севкупноста на сето наведено ги вообличува моите идеи и дело.” Од своето основање, Amorphic Robot Works ги истражува природата на движењето и перформансот преку креацијата на повеќестрани машини-скулптури кои функционираат и заемно дејствуваат во своите уникатно конструирани средини.

Оваа уметничка програма резултираше во креацијата на повеќе од 250 механички скулптури од разни димензии кои превземаат антропоморфни и апстрактни форми. www.amorphicrobotworks.org

Претставувањето на проектот Надувливи архитектoнски тела #3 на Чико Макмуртри се изведува во соработка со Центарот за визуелни и културни истражувања, Институт Евро-Балкан и Националната галерија на Македонија.

На отворањето на изложбата ќе се обратат Маја Крстевска, директорката на Националната галерија на Македонија, Мелентие Пандиловски, куратор на проектот, Софија Грандаковска (Евро-Балкан) и авторот Чико Макмуртри.


Со почит,

Национална галерија на Македонија