Скопје, 17 јуни 2010 (МИА) - Македонската опера и балет  на 23 јуни со Вердиевата опера „Риголето“ ќе гостува на 17. Интернационален фестивал за опера и балет во Аспендос, Турција.

Организатор е Генералниот директорат на државната опера и балет на Турција, од кој МОБ и ја добил поканата за учество на фестивалот, што се смета меѓу најпрестижните во Европа.

Тој годинава трае од 8 јуни до 1 јули,  а се одржува од 1994 година. Во повеќе меѓународни анкети е високорангиран.Од 2003 е прифатен во  Европското здружение на фестивали.


Оперските и балетските претстави се изведуваат  во антички театар од 166 г.н.е. со гледалиште од 15.000 седишта.  Над 70 отсто од посетителите се странски туристи. хс/ 9:25