Под наслов „Лица под небото“ вечерва во 20.30 часот во Културниот центар „ЦК“ ќе биде отворена четвртата самостојна изложба на сликарот Ване Костуранов. Ќе ја отвори поетот Владимир Мартиновски, а авторот ќе се претстави со 20 - тина дела работени во акрил на платно.

 

Костуранов е роден 1979 година во Струмица, каде што и моментално живее и работи. Сликањето му е најголема пасија од 1989 година, а претходно свирел и соло гитара во неколку рок и електронски бендови. Учествувал и на повеќе групни изложби а се занимава и со графички дизајн. Еден е од основачите на студиото за веб и графички дизајн, „Работилница“. (К.Б)