Кој е автор на глаголицата, зошто таа е наречена совршено писмо, дали глаголицата е најстаро писмо во светот, се дел од прашањата и темите за кои ќе стане збор на серијалот предавања што денеска и утре од 14 часот ќе се одржат во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“. Предавањата, наречени „Идеограмските аспекти на глаголицата“ ќе ги води поетот, литературниот критичар и преведувач Милош Линдро.

Линдро ќе даде свои толкувања и за прашања како: какви древни знаења се кодирани во глаголичниот буквено-цифрен систем; која азбука ја измислил Константин Филозоф; што останало од таа азбука до денес?

Сесијата се одржува во рамки на иницијативата за оживување на македонското духовно наследство што ја води НУБ, која, пак, е дел од културниот проект „Млад Светиклиментов универзитет“ што го води библиотеката.

Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1A4D8D1B6CA95740B15A9BC75EC2B1E1