На  18 ноември 2009 (среда), во 20.00 часот, во Националната галерија на Македонија, во Мултимедијалниот центар - Мала станица, ќе биде отворена изложба на Анет Хрст од Германија.

 Изложбата, насловена ПРОСТОР – ПЕЈЗАЖ се состои од повеќе објекти, воглавно изработени на картон. Како што вели авторката на текстот во каталогот, Белинда Грејс Гарднер “Неколку години уметницата насочена кон Келн работела главно со картон, кој дополнително го покривала со хартија и на него цртала и сликала со масло, креда, графит, молив, акрил и водени бои. Анет Харст првенствено црта врз материјали што ги наоѓа во нејзиното секојдневно опкружување: кутии за пакување од секаков вид, почнувајќи од мали квадратни кутии и високи, тесни тетрапак кутии од млеко, па се до кутии за мебел, и од тенки како лист до набраздени картони. Постојано, паралелно со апликацијата од сликани или графички елементи, уметницата ја воведува техниката парање што таа исто така ја смета за форма на „индиректно цртање“. На овој начин Анет Харст со намера го интегрира аспектот на можност, начинот на кој картонот сам по себе развива свои уникатни форми при процесот на кинење.... Сето ова се случува на еден тивок начин и со еден ограничен избор на бои, кој е, пак, одреден од пастелните тонови на бела, сина, зелена, кафена и сива. Анет Харст, која почна да лее гипс и бетон, ги направи придвижувачите на нејзиниот сликарски јазик се пофлексибилни правејќи ги полесни и приспособливи, го освојува просторот со префинетите енергии на краткотрајните знаци и нежната соодветност на дадениот терен. Во оваа насока познатите силуети на прозорци, врати и покриви се расклопени и реконструирани како вонземски и универзални бројки што ги симболизираат минливоста и трајноста, целината и расформирањето.“

 Анет Хрст е родена 1962 година во Штутгарт, Германија. Дипломирала на академијата за ликовни уметности во Минстер. Досега реализирала 13 самостојни изложби во Германија и САД, учествувала на повеќе групни претставувања во Германија, САД, Италија, Македонија, а изложбата во Националната галерија на Македонија е нејзина прва самостојна изложба во Македонија.

 Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Амбасадата на СР Германија Скопje.


NACIONALNA GALERIJA NA MAKEDONIJA
;