Промоција на антологијата "Македонски раскази" објавена на руски јазик, ќе се случи денеска (12 ч.) во Друштвото на писателите на Македонија.
Антологијата се појави неодамна во издание на "Акајон" од Москва, во избор и превод на познатиот руски славист и македонист Олга Панкина. На околу 600 страници во антологијата се објавени 70 раскази од 50 македонски писатели. Ова е досега најобемен избор од македонското раскажувачко творештво. На денешната средба за ова издание во името на ДПМ ќе зборува секретарот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски, а антологијата ќе ја промовира академик Милан Ѓурчинов, автор на предговорот на книгата.

Вечер