Во свечената сала на кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов, во вилата „Водно“, утревечер во 19,30 часот свечено ќе бидат промовирани мозаиците „Македонија - светла земја“ (7,5 m x 4, 0 m, 2006) и „Македонија - земјата памети“ (4,5 m x 4,0 m, 2006 ) од ликовниот уметник Глигор Чемерски.

Мозаиците се поставени еден спроти друг, а нивната изработка почнувајќи од првите работни скици до последното камче, траеше од 2005 до 10 јуни 2006 година. (К.Б.) - Утрински весник