Промоција на најновата книга со визуелна поезија на Митрополит Методиј Златанов "Doubletree requiem" ќе се случи вечерва (20 ч.) во кафе книжарница ТРИ.

Книгата ќе ја промовира Роберт Алаѓозовски, а пред книжарницата авторот ќе ја постави инсталацијата "Трипесмец" - три кинетички песни, чија структурална затвореност во себе им овозможува бескрајна ротација и читање. Секоја од песните ќе биде поставена на посебен монитор.