Бидете дел од добротворната акција на Амбасадата на САД и Црвениот крст на град Скопје
На 12 септември, понеделник, во комеморација на настаните од 11 септември 2001, Амбасадата на САД, заедно со Цревниот крст на град Скопје, ќе организираат крводарителна акција и акција за донирање на храна.
Донациите ќе се примаат во Амбасадата на САД од 10:30 до 16:30 часот.

Овој настан ќе помогне за дополнување на резервите на крв на Црвениот крст и ќе обезбеди храна и други потребни залихи за загрозените семејства за претстојната зима. Оваа акција, исто така, ќе му помогне на Црвениот крст да ја рашири мрежата на дарители во Македонија за да секогаш има доволно резервите на крв за идните побарувања.

Во оваа акција исто така ќе има пунктови каде ќе може да се остави храна што не се расипува (список подолу) и финансиски донации.

Целиот процесот на дарување крв не би требало да трае повеќе од дваесет минути, почнувајќи со регистрација, по што следи краток лекарски преглед/пополнување на прашалник од страна на медицинскиот персонал на Црвениот крст, па дарувањето на крв, и на крај храна и пијалок.

Одвојувајќи само петнаесет минути од вашето време, можете да спасите живот.

Крводарителите треба да бидат на возраст од 18 до 65 години и да немаат дарувано крв во последните 4 месеци (за жени), или 3 месеци (за мажи).

Подолу е список на прехрамбени призводи што од Црвениот крст ги препорачува за донирање. Крводарителите ќе добијат потврда од Цревниот крст.

Се надеваме дека ќе се приклучите кон оваа акција!!

ПРЕПОРАКИ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ЗА ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ
• Ориз
• Грав
• Леќа
• Сол
• Шеќер
• Брашно
• Палента (пченкарно брашно)
• Паста (макарони, шпагети)
• Зејтин
• Конзервиран грашок, боранија и мешан зеленчук
• Конзервирана риба
• Бисквити
• Супи
• Конзервирано овошје
• Кечап
Nidija Cilimanova
Senior Media Specialist
U.S. Embassy Skopje