Словенечкиот центар Скопје делува на полето на зачувување, зајакнување и унапредување на македонско – словенечкото пријателство преку промоција на националните, традиционалните, културните и научните вредности на Словенија во Македонија како и промоција на македонските вредности во Словенија.

Со цел зачувување на фолклорот, традицијата и народните обичаи, Словенечкиот центар Скопје од 21.05.2011 до 24.05.2011год., организира четиридневен семинар на словенечки народни танци. ( за деца и возрасни )

Семинарот го изведуваат стручњаци од Република Словенија, Проф. Томаж Симетингер, уметнички раководител на Академското фолклорно друштво Франце Маролт од Љубљана и корепетиторот Андраж Трампуж - член на извршниот одбор на ова реномирано фолклорно друштво.

Семинарот се реализира во соработка со друштвото Словенија во светот - Љубљана, О.У. Димитар Миладинов - Скопје и ЖКУД Владо Тасевски - Скопје.

Во рамките на оваа работна посета гостите од Република Словенија ќе се сретнат со г-дин Зоран Џорлев, директор на Танец - aнсамблот за народни игри и песни на Македонија и со раководството и членовите на ЖКУД Владо Тасевски - Скопје. 

Сашо Стојковски

Претседател

словенечки центар

ул.„Васко Карангелевски“ 25/49,

Скопје 1000,

Република Македонија

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.