Вечерва ќе можеме да помогнеме сите!


Вечерва во спортската сала Борис Трајковски, со почеток во 20 часот ќе се одржи хуманитарниот концерт "Помогни и ти". Целта на оваа хуманитарна акција е да се соберат што повеќе средства за обезбедување на најнеопходни предмети за домаќинство за социјалните станови во Ѓорче Петров, чијашто изградба е финансирана од Владата. Организаторите се надеваат дека ќе соберат околку три милиони денари што е доволно за опремување на становите.

Во социјалните станови ќе се сместат околу 150 млади луѓе. Дел од нив се привремено сместени во социјални станови, а еден дел се деца без родители кои живееле во згрижувачки домови, а поради тоа што наполниле 26 години се преселени во приватни станови, поточно во стари куќи, поранешни гаражи, подруми и простории со субстандардни услови за живеење. Пуштањето во употреба на становите е предвидено за крајот на мај 2009 година, кога идните станари би требало да ги добијат клучевите од новите станови, додека аплицирањето ќе почне во март 2009 година.

На овој хуманитарен концерт ќе учествуваат голем број естрадни ѕвезди, пејачи, спортисти, глумци, кои свој придонес ќе дадат и со тоа што ќе се јавуваат на специјално отворените линии на којшто сите граѓани ќе можат да се јавуваат и да донираат 100 денари.

Сите заинтересирани, кои имаат желба да се вклучат во хуманитарната акција, можат да донираат парични средства на жиро-сметката на Здружението "Градиме иднина" број: 300000002745621, даночен број: 4030008034045, депонент Комерцијална банка, со назнака за опремување на социјалните станови. Исто така, отворени се донаторски телефонски линии 075/143 999, 070/143 123 и 077/143 999 и секој што ќе ги сврти ќе донира по 100 денари.

(А.И.)