Манастирско гравче за Илинден
На Илинден, празник кој покрај светото црковно, за македонскиот народ има и историско значење, Иницијативниот одбор за градба на новата црква „Св. Пророк Илија“ организира празничен пикник. Одборот упати јавна покана до сите добронамерни луѓе на манастирско гравче во дворот на црквата што се гради во Горно Нерези, за да се воспоменат трите илиндени - 1903, 1944 и 1991 година. „За нас, Македонците, Илинден е светол ден, симбол на нашиот непокор и на нашата љубов кон татковината“, стои во отворената покана.