Ве известуваме дека Гимназијата „Алгоритам“, во соработка со продукциската куќа „Наше Маало“, распишува награден конкурс за изработка на краток филм:

 

КИНО ФЕСТ АЛГОРИТАМ - УЧИЛИШТЕН ФЕСТИВАЛ НА КРАТКИ ФИЛМОВИ


Фестивалот се организира како одбележување на датумот на раѓањето на кинематографијата - денот на првата филмска проекција на браќата Луј и Огист Лимиер во просториите на париското кафе „Гранд кафе“ на 28-ми декември 1895 година.

Право на учество на наградниот конкурс имаат сите ученици од основните и средните училишта во Република Македонија.

Учесниците на фестивалот може да учествуваат со филмови во кој било жанр, на слободна тема, снимени со видео камера, мобилен телефон или фото-апарат. Изработениот краток филм треба да биде оригинален, да не ги прекршува начелата на авторската сопственост, да не повикува на насилство и нетолеранција. Времетраењето на филмовите не треба да биде подолго од 15 минути.


Со овој фестивал на кратки филмови Гимназијата „Алгоритам“ се приклучува на глобалниот тренд за поголема застапеност на кинематографијата во училиштата, како медиум за изразување и поттикнување на креативноста на учениците.

По завршувањето на фестивалот сите пристигнати филмови ќе бидат достапни на интернет страната на гимназијата.


Најдобрите филмови ќе бидат наградени, а наградите свечено доделени во просториите на Гимназијата „Алгоритам“


Информации околу начинот на  аплицирањето, заинтересираните кандидати можат да добијат на интернет страната http://www.algoritam.mk


Срдечен поздрав,

___________________________


Ристо Алексовски,
oдговорен за односи со јавност
Гимназија „Алгоритам“
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: +389 (0) 2 3116-750  
        +389 (0) 70 89 41 74               

http://www.algoritam.mk