Почитувани,

Црковниот одбор при Македонската Православна Црква „Света Петка“ од Чикаго Ве поканува сите Вас и Вашите ценети фамилии, како и Ваши роднини и пријатели да ја збогатите зедничката

 

С В Е Ч Е Н О С Т

 

по повод Патрониот Ден на нашата света Црква - Преподобна Маченица Параскева - Петка Римјанка.

 


     Свеченостите по тој повод ќе се одвиваат според следниот распоред:

     Во Сабота, 7-ми Август 2010 со почеток во 18.00 часот ќе се одслужи Бдение во очи празникот на Света Петка, со учество на нашиот црковен хор збогатен со членови од сестринската Руска Задгранична Православна Црква „Покров на Пресвета Богородица“ од Дес Плеинс, Илиноис. Како и предходните две години, така и овој пат СВЕТИТЕ МОШТИ на Света Петка, со благослов на надлежниот Архиереј на РЗПЦ „Покров на Пресвета Погородица“ ќе бидат донесени во нашата Црква и ќе бидат ставени за дарување и целивање до централната икона на нашата Светителка. Ве молиме да не ги покривате иконите и моштите со пари или дарови туку нив ставајте ги до самата икона или до ковчежето со светите мошти. По завршувањето на Богослужењето ќе се изврши помазување на секој верник и посетител со чудотворното масло на Света Петка.

     Во Недела, 8-ми Август 2010 со почеток во 10.00 часот ќе се одслужи СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА со учество на нашиот црковен хор и со сослужување од страна на Отец Рубинчо Ацески од нашата сестринска Македонска Православна Црква „Свети Кирил и Методиј“ од Хинсдејл, Илиноис. Пред крај на службата ќе се изврши ВОДОСВЕТ, потоа благословување на КОЛИВОТО, па пресекување на СЛАВСКИОТ КОЛАЧ и на крај избор на нов КУМ на Црквата.

     Во 12.00 часот напладне е организиран СВЕЧЕН ПРАЗНИЧЕН РУЧЕК на кој сте сите поканети. Цената на ручекот е 10.00 долари по човек.

 

С Е К О Ј   Е   Д О Б Р Е Д О Ј Д Е Н!

 


MPC "Sv. Paraskeva - Petka"
2056 N Kedzie Ave
Chicago, IL 60647
www.mpc-svpetka.com