Црковниот управен одбор при Македонската Православна Црква “Св. Илија“, Mississauga, Ontario, Ве поканува на овогодишните прослави по повод црковната слава Св. пророк Илија и националниот празник ИЛИНДЕН. Прославите ќе се одржат според следната
П Р О Г Р А МА
25 јули 2009, сабота навечер, Света Вечерна богослужба во 6:00 pm
26 јули 2009, недела, Света Литургија во 10:00 am
- По завршувањето на Литургијата општонародна веселба – ПИКНИК на црковното место, 290 Derry Rd. West, Mississauga.
Истиот ден во 4:00 попладне:
- Избор на кумови на идната година,
- Режење на славскиот леб,
- Панихида за паднатите борци за слобода на Македонија,
- Поздрав од претседателот г. Мирче Шмагранов,
- Поздрав од присутните гости,
Прославите ќе продолжат на:
- 1 август, сабота навечер, Света Вечерна богослужба во 6:00рм
- 2 август, недела, Света архиерејска Литургија во 10:00ам
Кумови за оваа година е семејството на Филип и Софи Шмагранов. Доколку сакате да бидете кумови за
идната година ве молиме јавете се кај свештеникот отец Илија Донев на еден од дадените телефони.
Покани се испратени до членовите на црковните одбори при Македонските Православни Цркви, а Ве покануваме и Вас, драги браќа и сестри, заедно со Вашите блиски да дојдете и заеднички да ги прославиме овие свети денови и светли моменти од нашата црковна и национална историја. Со Вашето присуство ја помагате нашата новоизградена црква.
Нека ни е честита црковната слава и честит празник ИЛИНДЕН на целиот Македонски народ.
На многу години!
За повеќе информации јавете се на црковниот телефон:
(905) 821 – 8050 или
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со особена почит кон сите Вас
Од црковниот одбор