arhiepiskopija.jpg


На 13 мај 2009 година (среда) во 19 часот во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи годишен концерт на училишниот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, на којшто ќе биде изведена „Литургијата“ од македонскиот автор Атанас Бадев. Златоустовата литургија од Бадев кај нас за прв пат беше изведена во 1988 година на Струшката музичка есен, а подоцна и на осветувањето на Соборниот храм во Скопје.    

 Од канцеларијата на Скопската православна епархија.