ПРАЗНИЧНА ПРОГРАМА
(ОД БАДНИК ДО СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ОД 06 ДО 20 ЈАНУАРИ 2009 ГОДИНА ПО НОВ. СТИЛ.)

06. Јануари - вторник, Бадник - Св. Мач. Евгенија.
07:00 часот: Утрена со Царски часови. Литургија на Св. Василиј Велики со Вечерна.
17:00 часот: Велико Повечерие.

07. Јануари - среда, Рождество Христово - Божик
08:30 часот: Златоустова Литургија. Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ќе
богослужи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски".

08. Јануари - четврток, Собор на Пресвета Богородица, втор ден Божик
08:30 часот: Златоустова Литургија. Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, ќе богослужи во црквата „Рождство на Пресвета Богородица".

09. Јануари - петок, Св. архиѓакон и првомаченик Стефан - трет ден Божик
08:30 Архиерејска Златоустова Литургија во црквата „Св. Петка".

14. Јануари - среда, Обрезание Господово; Св. Василиј Велики и Православна Нова Година.
08:30 часот: Литургија на Св. Василиј Велики. Негово Блаженство Архиепископот г.г.
Стефан, ќе богослужи во Соборнот храм „Св. Климент Охридски". По литургијата
следи - благодарствен Молебен по повод новото лето Господово 2009.

07:00 часот: Утрена со Златоустова Литургија и Богојавленски водосвет
(Царските часови и Златоустова Литургија ќе се служат во петок 16 Јануари)

19. Јануари - понеделник, Богојавление - ВОДИЦИ
08:30 часот: Литургија на Св. Василиј Велики со Богојавленски Водосвет.

17:00 часот: Вечерна Богослужба
Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан  ќе богослужи  во храмот Св.вмч.
Димитриј. Богојавленските литии во 11:45 да бидат на Камениот мост. Околу 12:00
часот, Поглаварот на Македонската Православна Црква ќе го спушти Светиот и
животворен Крст во водите на Вардар.

20. Јануари - вторник, Собор на Св. Јован Крстител
08:30 часот: Златоустова Литургија. Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ќе
богослужи во манастирот Св. Јован Крстител во Капиштец.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Од канцеларијата на Скопската Православна Епархија