Апел за помош од Европската епархија
13.01.2026
Црковната заедница во Гетеборг, Шведска, има можност да го откупи земјиштето на кое се наоѓа и на тој начин трајно да ја обезбеди својата иднина. За таа цел, оваа црковна заедница од Европската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија го упатува следниот апел:
Со братска љубов и пастирска грижа, упатуваме повик за поддршка на нашата Македонска православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ во Гетеборг, која има историска можност да го откупи земјиштето на кое се наоѓа храмот и со тоа трајно да ја обезбеди својата иднина и континуитетот на духовниот живот. Овој чекор е од огромно значење не само за верниците во Гетеборг, туку и за целата наша дијаспора во Европа. Потребна е заедничка поддршка – секоја донација, без разлика на износот, е чекор поблиску до целта.
Ги повикуваме сите верници, добронамерници и пријатели на Црквата да покажат заедништво, солидарност и љубов на дело.
Дарувајте и споделете го овој повик, за пораката да допре до што поголем број луѓе.
Начини за донација:
Swish: 123 246 34 38
Plusgiro: 918163-7
GoFundMe: https://www.gofundme.com/f/da-go-otkupime-zemjisteto-na-nasata-crkva-vo-geteborg