Premin.169.170       

Во среда (6 декември) од 13 часот, во Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) ќе се одржи промоција на три нови албуми. Ќе се промовираат „Историски снимки со дела од историско значење“, во кој се вклучени повеќе автори, авторскиот албум „Од композиторскиот опус на Борис Светиев“, како и аудиоприлогот кон списанието „Премин“ со наслов „Црковното пеење од словенско-византиската традиција во Македонија“, во изведба на хорот на „Танец“.

      „Историски снимки со дела од историско значење“ е албум со аудиоснимки од архивата на Македонската радио-телевизија и содржи тонски записи на дела на композиторите Кирил Македонски, Живко Фирфов, Благоја Ивановски, Ладислав Палфи и Тихомир Карапанчевски.

      Дебитантскиот албум на Борис Светиев е уште едно издание од едицијата на СОКОМ посветена на авторските опуси на македонските композитори. Содржи седум дела од творештвото на Светиев за разни изведувачки состави.

        Аудиоприлогот кон списанието „Премин“, периодична публикација на Струмичката епархија, е снимка на целовечерниот концерт на хорот на „Танец“ во рамките на годинашните Денови на македонската музика.

 

https://www.muzika24.mk/premiera/promoczija-na-tri-novi-izdanija-na-sokom/62688/?fbclid=IwAR0e_mGe0mIMI_ZgU2bimK4mZ4G0Gs_nEa43kz0VMlevDzS_1UzoPsDGiFU