Ве информираме дека во Националната галерија, објект Даут пашин амам, на 10ти ноември 2023 година (петок), во 13 00 часот ќе се отвори Годишната изложба на основните училишта под наслов „Шемов и јас“. На отворарањето ќе се обрати директорката на галеријата д-р Дита Старова Ќерими, проф. Симон Шемов и едукаторот на проектот м-р Маја Димитрова.

„Годишната изложба на основни училишта е изложба која традиционално е поддржана од Министерството за култура, а во организација на Националната галерија. Идејата на проектот е: секоја година најмладите да учествуваат во ликовните работилници, да совладаат ликовна техники, но и да запознаат некој од нашите најголеми македонски автори.

Работилниците беа реализирани во текот на минатиот месец, а во нив учество земаа ученици од следните училишта: ОУ „Коле Неделковски“, ПУ„Јахја Кемал“, Интернационално училиште „Нова“, ОУ „Невена Георгиева Дуња“, ОУ „Лазо Трповски“, ОУ „Киро Глигоров“, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, ОУ „Климент Охридски“, и ОУ „Лазо Ангеловски“. На изложбата ќе бидат изложени дела на учениците изработени под менторство на соработниците во проектот, професори и студенти од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Универзитетот Фонтис од Холандија и соработничката Maaike Fekkes“ - истакна едукаторот м-р Маја Димитрова, одговорна за проектот.

/cp/ps/Mail/Downloader?uid=38679&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=639d1&pct=d85d9&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=4&attachmentID=f_loo4dg4i4