На 04.05.2022 (среда), 19:30ч, во Рудиќ Галерија ќе се отвори изложба на младата фотографка Христина Трајкоска, која ќе ни прикаже 23 различни концепти и емоции со кои се соочи за време на Ковид пандемијата. Нејзините автопортрети, во кои ги прикажува емоциите со кои сите ние се справивме, се фотографирани во 2 соби, спална и тоалет!

Ќе ни долови како се справила со пандемијата, 2 години оддалечена од сите, своето семејство, пријатели и од можноста да го работи она што го сака најмногу - портретно фотографирање.

Таа вели дека на почетокот била оттуѓена од себе и присиленоста да креира сама во тие 2 соби го гледала како пречка. Со надминување на нејзините изговори, ја вратила довербата во себеси, решила да биде ранлива и за промена таа да застане пред објективот. Се заљубила во самиот процес на креирање автопортрети и ја потврдила лекцијата - единствена пречка до успехот, се нашите мисли.

На овој настан со необични фотографии и одлична музика од акустик дуото Полина Тасева и Иван Петровски, ќе се запознаете и со самиот процес на креирање на тие фотографии преку "Behind the scenes" видеа.

Со почит
Боро Рудиќ