Кон самостојната  изложба на Кирил Штрков во „Рудиќ Галерија“ (01.12.2021, среда, во 19ч)

 Втората самостојна изложба на Кирил Штрков која ќе  се  отвори во „Рудиќ Галерија“ на 01.12.2021г. во 19ч е неговото прво претставување пред домашна публика. Имено првата самостојна изложба на овој еминентен домашен автор, насловена „33“ беше одржана во 2019 година во Ријека, Хрватска. На  10тиот фестивал на фотографија„Фотори“ заедно со државна колекција на Фото сојуз на Македонија и колекција на Боро Рудиќ,  централно место во изложбениот  простор на Државниот архив во Ријека    имаа  токму овие три колекции...

 Во склоп на колекции на ФСМ, како и колекци од матичниот клуб ФК ЕЛЕМА   со свои фотографии учествувал на повеќе манифестации низ држави од целиот свет.  Добитник е на над триесетина награди од домашни и странски натпревари .Неговите фотографии се дел од постојаната колекција на „Музејот за уметност и обрт “ во Загреб.

Колекцијата со која ќе се претстави е пресек на авторовите преокупации  во последниве 10 години.

Селекцијата на фотографии  ја направи Боро Рудиќ , член на Уметничкиот совет на Фото сојуз на Македонија.

 Кирил Штрков е актуелен претседател на „Фото сојуз на Македонија“, повеќегодишен член на Организациониот одбор на меѓународниот натпревар „Фотомедиа“ во организција на ФК ЕЛЕМА, како и во Организациониот одбор на  „Денови на македонска фотографија“  во последните 6 години.

 

Осврта за  колекцијата од Ријека насловена едноставно „33“  која е темел и на предстојната изложба ,  кустотсот на „ Музејот за уметност и обрт“ во Загреб , Ива Просоли ќе каже:

(Во пасусот подоле пренесуваме дел од  критичкиот осврт...)

„Фотографиите на Кирил Штрков се направени во класична традиција на фотографскиот медиум . Оддаваат врвен познавач на неговите технички можности. Онаа традиција од 30тите која атмосферата ја постигнува со богатството на полутонови.

Без сомнение на голем број од снимките присутни се елементи на Субјективната фотографија од 1950тите години: значењето на јасните и прецизни структури, нагласениот геометризам , динамичната композиција и јаките контрасти засилено со личен став, коментар, со интимно поаѓалиште...

...Урабани пејсажи , природни пејсажи  и внатрешни пејсажи. Заедничко на фотографиите е средбата на човекот и просторот. Човекот е обично сам , непрепознатлив , недефиниран поединец. Ако е во група, неговите контури се нејасни. Се движи низ невреме...

...Иако е направен поширок преглед на делата  на Кирил Штрков од повеќе фотографски серии, сите тие фотографии заедно оддаваат зрел автор со препознатлива идеа и приод кон фотографијата...“