Невзат Бејтули-Кица е роден во 1962 год. во село Ѓурѓевиште, Гостиварско. Таму го започнал основното образование, кое, заедно со средното образование, ги завршил во Високо, Босна и Херцеговина. Академијата на ликовните уметности ја завршил во Скопје, во 1993 година, додека магистерските студии ги довршил во Приштина, под менторство на проф. Реџеп Фери во 2002  година.

 

Неколку години работел како наставник по ликовна уметност во гимназијата во Тетово, а откако е основен Тетовскиот Универзитет, таму е ангажиран како професор. На Факултетот за ликовни уметности предава Акт, барање и студија на човечкото тело во ликовната уметност. Се има стекнато со највисокиот назив – редовен професор.

 

Заради студиски цели, има престојувано во Бостон, во САД ( Мобиус Клуб, Октомври 2000 год. ) и во Париз, Франција ( Cite Internationale des Arts, април-мај, 2004 год. ) .Бил дел од многу семинари и уметнички колонии во Република Северна Македонија и надвор од тука. Има реализирано самостојни изложби надвор од нашите граници, во САД, Франција, Италија, Австрија, Босна и Херцеговина, и други. Неколку од самостојните изложби се: “La Mirage”, Гостивар 1994, Културно-Информативен Центар во Скопје ( 2000 год. ), Културен Центар во Тетово ( заедно со Француска Амбасада, 2000 год. ) , Бостон (2000), Музеј на Град Скопје ( 2003), Cite internationalе des Arts во Париз ( 2005), Галерија “Вангел Коџоман” во Струга (2005), Недела на Македонската култура во Бари, Италија ( 2007), Културно Информативен Центар Скопје (2008), MC Gallery, Њу Јорк(2009), Општина Габлиц во Австрија ( 2010 ), Културен Дом во Тетово(2020) и други.

 

За неговите уметнички достигнувања е вклучен во книгата на најдобри сликари, издание на Академијата на науки и уметности на Македонија ( 2014). За него пишувале многу автори. Тој е добитник на следните награди: “Петар Мазев” од страна на ДЛУМ (2006), Откуп на цртеж-акварел од Општина Карпош (2011), второ место во конкурсот за бистата на Неџат Аголи (2011), реализација на биста на Max van der Stoel ( заедничко дело со Реџеп Мемети, 2011), Уметник на годината од Остен, 42 Изложба на цртеж во Скопје ( 2013), “Златна мравка” за достигнување во годината ( 2015), Остен Голд (2015), второ место во конкурсот за мозаикот во плоштадот во Скопје, втор пат (2015), Osten Legacy награда, Скопје (2018). Тој смета дека за еден уметник наградите не се само задоволство, туку и одговорност према личностите кои го вреднувале неговото творештво. Наградите се додаток на одговорност кон творечката дејност.

 

Сликарот Невзат Бејтули е привлечен од митови, како впечатливи суштества, креирани преку извонредна имагинација, кои не ориентираат кон димензии кои човекот секогаш бил љубопитен да ги запознае. Кица употребувајќи детали од митовите или променувајќи ја неговата структура, создава уметнички дела кои рефлектираат универзални пораки, хумани пораки, солидарни пораки меѓу луѓето и нациите. Кица никогаш не ја изгубил вербата во човековата духовност.

Уметничката опсесија на Кица во последните две десеттолетија е приказот на двојникот човек и коњ.Култот на коњот е прикажан уште од времето на сказните од човечкото постоење

Изложбата со наслов „Пеплосување и благородност“ ќе биде поставена во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Мала станица од 15 декември до 22 декември. Публиката ќе може да ја посети секој ден, освен понеделник, од 10 – 18 часот. Ќе бидат претставени слики, цртежи, графички мапи и еден видео проект.

 

Протоколите за заштита на јавното здравје остануваат на важност и понатака.