7.Vselenski.sobor

МАКЕДОНСКА  ПРАВОСЛАВНА  ЦРКВА - ОА
Храм „Св. Кирил и Методиј“ – н.Ченто, Скопје

30ти ноември 2019 лето Господово

7.Vselenski.sobor


Донација за фрескописување на храмот „Св. Кирил и Методиј“ и „Св.вмч. Георгиј“ – н.Ченто, Скопје


Браќа и сестри, храмот е дом Божји, училиште на верата и благочестивиот живот на верниците. Храмот е видливо небо на земјата. Во него невидливо живее Самиот Бог, Создателот на небото и земјата. На ова свето место секогаш ќе биде присутен Господ Бог, ќе биде присутен во Светото Евангелие, кое ќе се чита на секоја Света Литургија. Ќе биде присутен во светиот крст, во светите икони, во светите фрески.
Нека Господ Бог ја засили љубовта наша кон ова светилиште. Во него ќе го најдеме она што никаде не можеме да го најдеме на друго место. Во ликовите на овие свети личности  ќе го почувствувате духот, големината, чистотата делотворната – душевна и телесна, и убавината на нашата православна вера. Ќе се напојуваме со духот со кој се напојувале и вдахновувале светиите и безбројните борци и поборници, трудбеници и маченици за одбрана, опстој и сочувување на сѐ што му било скапо и свето на нашиот благочестив македонски народ.


Телото бара телесна храна, со која душата не може да се храни; душата може да се нахрани и напои само со храната што Господ ја дава особено во светите Божји храмови. Преку своето евангелско слово, преку светата Литургија, светата Причест и преку сите други богослужби, низ кои струи Божјата благодат, која е вистинска храна и вистинска оживотворувачка сила за човековата душа.
Со најискрени братољубиви чувства на евангелска љубов молитвено Ви пожелуваме да даде Господ, да раснеме само во доброто. Да нѐ следи Божјиот благослов со одлично здравје и со уште поголемо и побогато животно семејно преуспевање.Создавањето на големи свети дела за својот народ, Црква и Татковина бараат големи саможртвени подвизи и вложување на огромни средства и труд. Но, бараат уште поголеми, подоблесни и посилни македонски синови и ќерки.

По молитвите на светите Кирил и Методиј и св.вмч. Георгиј нека бидат од Бога благословени и преблагословени

имињата на сите Вас создателите на овој величествен Божји храм,

имињата засекогаш запишани, со златни букви, во нашата најнова историја.


Сметка за донација: 300000002975511  МПЦ-ОА-СПЕ Ск.-храм „Св. Кирил и Методиј“ и храм „Св.вмч. Георгиј“ нас. Ченто

7.Vselenski.sobor

Од управата на храмот

30ти ноември 2019 лето Господово