Јана Серафимова
сре, 25.09.2019 | 5:38 pm


Филмот „Татко“ производ на режисерскиот тандем Кристина Грозева и Петар Валчано, актуелен победник на филмскиот фестивал во Кралови Вари одржан летово, ќе го отвори овогодинешното, четврто по ред изание на интернационалниот филмски фестивал „Кине Нова“.

Со досега најбогата програма, фестивалот ќе понуди 7 филмови во официјалната селекција, дополнително, програмата насловена - „Посветено на...“, проекциии во чиј што фокус ќе биде унгарската кинематографија, претставување на турски филм како и проекции на најуспешните македонски филмови за изминатата година – Медена Земја и Господ Постои, името и е Петрунија. Новитет во рамки на програмата, наградата „Лукс“ – која ја доделува Европскиот Парламент, а како таква, за прв пат воопшто е дел од еден македонски филмски фестивал.

Според организаторите, она што е најважно за годинашната програма е фактот дека авторите чии што филмски проекти ќе бидат прикажани на платното се млади, но храбри и одлучни да и пркосат на лошата реалност, и преку нивните филмски остварувања директно допираат до бројните актуелни проблеми од секојдневието. Традиционално, на фестивалот ќе биде доделено и признанието за особен придонес во филмската уметност, што годинава ќе и припадне на уште една балканска филмска дива, која на јавноста ќе и биде претставена непосредно пред почетокот на фестивалот.

Фестивалот ќе се одржи во периодот од 4ти до 13ти октомври. Проекцијата на свеченото отворање ќе се случи во Градското Кино „Милениум“, додека останатите проекции ќе се одвиваат во Кинотеката на Македонија.

 

https://www.24.mk/details/bugarskiot-film-tatko-kje-go-otvori-godinashniot-filmski-festival-kinenova