На 13.05.2019 со почеток во 11 часот во Порта Македонија ќе се одржи трибина „Младите и религијата“. На трибината ќе бидат презентирани резултати од спроведено истражување на јавното мислење врз младата популација во градот Скопје за прашања од верска природа. Свои излагања ќе имаат проф. др. Милан Ѓорѓевиќ, продекан за меѓународна соработка на Богословскиот факултет, проф. д-р Зоран Матевски, професор на Институтот за социологија на Филозофски факултет при УКИМ и директор на Центар за интеркултурни студии и истражувања на Филозофски факултет, др. Коста Милков претседател на Балканскиот институт за вера и култура и м-р Алберт Хани, директор на Регионална канцеларија за младинска соработка – РИКО за Северна Македонија. По официјалниот дел ќе биде отворена дискусија со присутните. На настанот поздравно обраќање ќе има и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, м-р Даријан Сотировски.

Целта на трибината е да се отвори дискусија за различни прашања, а во фокусот притоа да имаме специфична таргет група како младата популација. Ова не е дискусија на перцепции и субјективни гледишта, туку дискусија на обејективни индикатори добиени при анкетирање на веродостоен репрезентативен примерок. Сметаме дека секоја институција во рамки на својот домен треба сериозно и постојано да ги следи состојбите и да спроведува истражувања за да се добиваат индикатори кои се услов за временски компарации на состојбите и темел за креирање на политики.


Директор
м-р Даријан Сотировски