По проекцијата на „Киселина“ на рускиот актер и режисер Александар Горчилин, синоќа, во кино Фросина, актерката Анастасија Евграфова, одговарајќи на бројните прашања од публиката, рече дека филмот, во голема мера го прикажува начинот на живот на дел од младите во Москва, генерациските конфлкти со родителите и кој е поглед во светот на младата руска буржуазија кои преку сексот, дрогата и техно музиката се обидуваат да најдат смисла во бруталниот свет што ги опкружува.

    Се разбира, не сите млади живеат вака и ова е видување на режисерот. Сликата за овие млади луѓе е слична со младите во другите европски градови. Она што е различно е што во Москва до деведесеттите години многу млади учествуваа во банди што доведе до тоа мојата генерација, многу мои колеги, пријатели, вклучувајќи ме и мене, да се пораснати без татко без чувство за семејство и двајца родители, рече Евграфова.

На почетокот на филмот едно момче се самоубива скокајќи од балконот и таа рече дека тоа бил вистински настан.

    Да, тоа навистина се случи во Москва. И ние како актери ги користевме своите сопствени животи во улогите, сме имале искуства акко ликовите во филмот, затоа, меѓудругото и бевме избрани од режисерот. Во Москва можете да сретнете многу такви личности какви што се прикажани во овој филм. И самиот наслов „Киселина“, освен што значи дрога е и метафора за нешто за разјадување на човекот одвнатре. Всушност ова е приказна за пронаоѓањето на себеси и својата среќа, објасни Евграфова.

Како дел на Гала програмата вечерва (23 април) во кино Фросина, со почеток во 18 часот ќе биде прикажан филмот „Ел Пепе еден возвишен живот“ во режија на Емир Кустурица.

Документарецот за последниот претседател на Уругвај истражува зошто приказната на Хозе „Пепе“ Мухика е единствена: скромен човек кој стана претседател на земјата и остана верен на своите верувања, а во исто време прифати и промена.

Ова е приказна за политички активист и поранешен герилски борец од латиноамериканската левица.

Во рамките на програмата Посебни проекции на Скопскиот филмски фестивал, вечерва 23 април (вторник) во 20 часот во кино Фросина, ќе биде прикажан документарниот филм за раскошната изведба на модното шоу наречено  „, еден од најистакнатите и највпечатливите француски дизајнери на висока мода, препознатлив по неговите импресивни и субверзивни креации.

Веднаш по проекцијата на филмот ќе се одржи дискусија на тема „Модата и родовиот идентитет” со специјалната гостинка Луиз Валенберг, професорка по модни студии во Центарот за модни студии при Универзитетот во Стокхолм, и поранешна директорка на Центарот. Нејзините истражувања се фокусираат на родовиот идентитет, сексуалноста, класите и етносот во областа на модата и филмот.

Разговорот ќе го води Кристина Глигоровска, модна истражувачка, членка на француската мрежа за модно истражување – Culture(s) de Mode. Нејзината експертиза е анализа на модата како мултидисциплинарна област, со фокус на врската меѓу модата, телото и технологијата.

Програма за 23 април:

Кино Фросина

18:00 ЕЛ ПЕПЕ, ЕДЕН ВОЗВИШЕН ЖИВОТ /PEPE, A LIFE SUPREME
Serbia, Argentina, Uruguay, 2018, 74 min. документарен филм
Режија/Director: Emir Kusturica
Улоги/Cast: Pepe Mujica

20:00 ФРИК И ШИК / FREAK AND CHIC France, 2018, 93 min.
документарен филм
Режија/Director:Yann L’Hénoret

Дискусија

Кинотека на Северна Македонија

18:00 СИБЕЛ / SIBEL Turkey, France, Germany, Luxembourg, 2018, 95 min.
Режија/Director: Guillaume Giovanetti, Cağla Zencirci
Улоги/Cast: Damla Sönmez, Emin Gürsoy, Erkan Kolçak Köstendil

20:00 ЕВРЕИТЕ ДОАЃААТ /THE JEWS ARE COMING
Yugoslavia, 1992, 101 min.
Режија/Director: Prvoslav Marić
Улоги/Cast: Mladen Andrejević, Meto Jovanovski, Liljana Bićanin

22:00 АНГЕЛОТ / THE ANGEL Argentina, Spain, 2018, 118 min.
Режија/Director: Luis Ortega
Улоги/Cast: Lorenzo Ferro, Chino Darín, Daniel Fanego

Кафе – кино Котур

20:00 ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ I

Програмата, распоредот, податоци за филмовите и настаните видете ги на http://www.skopjefilmfestival.com.mk/
Facebook0
Twitter
Email