Здружението на новинарите на Македонија Ве поканува на одбележувањето на 73 години од основањето на ЗНМ.

Настанот ќе се одржи на 07.03.2019 (четврток) во 12:00 часот, во просториите на Клубот на новинари.

По тој повод ќе бидат доделени и новинарските награди на ЗНМ: наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2018 година од внатрешноста на Македонија.

Вашето присуство ќе ни биде од особено значење.