Авторските дигитални плакати на Ладислав Цветковски од циклуот „Црнила“, во Мала станица, Национална галерија на Македонија,за прв пат ќе бидат прикажани во печатена форма во Република Македонија
Самостојна изложба на авторски плакати на проф. м-р Ладислав Цветковски, дел од неговиот уметнички проектот “My Comments”,„Мои коментари“ од циклусот „Црнила“
Во вторник 18. декември 2018 во 18.30 часот во Мултимедиалниот центар Мала станица, Национална галерија на Македонија во Скопје, ќе се отвори изложбата на македонскиот уметник и графички дизајнер Ладислав Цветковски. Изложени ќе бидат авторски актуелни општествено - критички плакати. Изложбата ќе ја отвори д-р. Дита Старова Ќерими директорка на Националната галерија на Македониа и проф. д-р.Небојша Вилиќ критичар, историчар и теоретичар на уметноста кој е воедно и автор на текстот за каталогот за оваа изложба.
Изложбата е пресек од 70-тина плакати од циклусот „Црнила“, кои за прв пат ќе бидат прикажани во печатена форма во Македонија.
Изложбата е дел од националната програма на Министерството за култура на Република Македонија и ќе биде отворена за публиката до 28.12.2018
Дополнителни информации:
Ладислав Цветковски во последните години се изразува преку општествено - социјалениот плакат. Овие визуелни коментари ги објавува на социјалните мрежи. Преку нив сака да даде свој личен коментар на некои универзални појави поврзани со локалниот, но и поширокиот општествено-политички и социјален амбиент.
На 20.02.2015 мотивиран од енергијата на студентските протести и инспириран од случувањата во Република Македонија, Ладислав Цветковски на својот блог и фејсбук профил го сподели плакатот „Црнила“. Тоа беше почетокот на неговиот проект наречен “My Comments” „Мои коментари“. 2015 година, во исклучително загадениот и контролиран медиумски простор, единственото место каде Ладислав Цветковски можеше да ја реализира силната потреба да даде личен коментар за бруталната вистина, беа социјалните мрежи. Неговите визуелни коментари инспирирани од дневните случувања во Македонија секојденвно ги споделуваше на неговиот блог, Facebook профил, а подоцна и на Google+, Instagram, Twitter.
Циклусот „Црнила“ го завршува на 31 октомври 2017 и до тогаш создаде 177 авторски дигитални плакати, од кои 3 се анимирани.

Иако плакатите коментираат конкретни настани, изјави, однесувања на личности, менталитет, состојби, со нив Ладислав Цветковски има за цел да упати универзални пораки и да потсети на одредени изгубени вредности.

Национална галерија на Македонија